Недвижности

Во 2017 година, нашата агенција за недвижности, ABC Translation, ја започна својата работа со инвестиција во стан од 5.5 соби во Швајцарија, со цел да го претвори во меѓународна студентска резиденција. Навистина, со Универзитетот во Лозана и EPFL во близина, резиденцијата доживеа успех по самото отворање во септември 2017 година. Четирите соби беа издадени во рок од само неколку дена и така се роди нашиот сектор за недвижности.

После ова прво искуство, продолживме да се развиваме, така што сега се занимаваме со управување, купување, продажба, изнајмување и администрирање на вашата недвижност во Швајцарија  и во странство.

Купување:

Купувањето недвижност е исклучително важна одлука која ќе влијае врз вашата иднина во наредните години. Таква одлука не треба да се носи лесно. Затоа е важно да се избере вистинскиот партнер кој може да ве советува во врска со клучните точки, како што се состојбата на имотот, пресметката на хипотеката и долгорочната исплатливост на инвестицијата, а добрата анализа на фактичката состојба ќе гарантира сигурно и безбедно купување.

Продажба:

Пазарот на недвижности во Швајцарија континуирано да се развива, со цени кои се во постојан раст. Моментално понудата ја надминува побарувачката,, така што  е тешко да се продаде недвижност поради големиот број достапни домови на пазарот. Со ангажирање на експерт, ги зголемувате шансите да го продадете вашиот имот побрзо и по посакуваната цена. Искористете ја нашата мрежа низ Швајцарија и на меѓународно ниво за да ги зголемите вашите шанси за успех.

Изнајмување:

Изнајмувањето на  вашата недвижност можеби  изгледа едноставно, но постојат неколку ризици што треба да се избегнат  доколку сакате да изнајмите стан, куќа, па дури и соба. Потребно е да се подготви целосно досие пред да се земе во предвид потенцијален станар. Тоа се состои на пример од извод од казнена евиденција и доказ за исплата на последните три платни. Потоа, депонираниот износ мора да се плати со банкарски трансфер или преку гаранција за наем преку осигурителна компанија.

Студентско сместување:

Нудиме неколку студентски сместувања достапни за кратки или долги периоди. Поголемиот дел од нашите сместувања се лоцирани во близина на Универзитетот во Лозана, EPFL, ECAL и EHL. Најбарани се заедничките соби и студијата. Потребно е однапред да се планира за навреме да обезбедите сместување пред почетокот на академската година.

Пронаоѓач на станови (недвижности):

Имате тешкотии да најдете сместување според вашите критериуми или проблеми со наоѓање стан за изнајмување? Нашите пронаоѓачи на станови ви стојат на располагање за да ви помогнат да најдете недвижност во најкраток можен рок. Благодарение на нашата мрежа и професионалност, за вас ќе најдеме сместување според вашите критериуми и во најкраток можен рок.

Home Staging:

Имате проблеми со продажба на вашата недвижност? Во тој случај, можете да се обратите на нашиот Home Staging тим, специјализиран за подобрување на изгледот на станови и куќи со цел да се олесни нивната продажба. Овој систем се покажал како успешен за недвижности кои имаат потреба од брзо реновирање или од неколку модификации за да се постигне значајно и видливо подобрување.

Проценка на цена (недвижности):

Добрата проценка на недвижноста според пазарната цена е клучна за успешна продажба по соодветна цена. Благодарение на критериуми како што се годината на изградба и локацијата, ние можеме да ја процениме вашата недвижност што е можно поблиску до нејзината реална вредност на актуелниот пазар на недвижности.

Недвижности