ABC Translation
ABC Translation е специјализирана во неколку области кои вклучуваат преводи, недвижности, легализации, право и релокација. Со над 500 вработени ширум светот, ABC Translation е лидер на полето на овие специјализации, а благодарение на својот тим составен од голем број на квалификувани професионалци, секогаш е во состојба брзо да делува.. Компанијата претставува 55 различни националности и негува врски во повеќе од 85 земји. Таа ги искористи предностите на глобализацијата за да привлече клиенти кои поставуваат сè повисоки барања.
ABC Translation во бројки:
- 500 вработени ширум светот
- 60 зборувани јазици
- 4000 проекти годишно
- Повеќе од 10 години искуство
- Над 1.000 редовни деловни клиенти
- Повеќе од 2000 приватни клиенти секоја година
Соработуваме со неколку нотарски канцеларии со цел да ги легализираме различните документи што е можно побрзо. За документите што се испраќаат во странство, соработуваме со амбасади, конзулати и канцеларии. Овој спој меѓу различните ентитети ни овозможува да бидеме добро подготвени кога станува збор за превод и легализација на вашите документи во рекордно време. Дополнително, нашите курири со велосипеди се грижат за доставата на документите до различните канцеларии, притоа почитувајќи ја животната средина. Ги користиме и европските поштенски услуги и DHL за конечна испорака во Европа и ширум светот.
Квалитетот и брзината на нашите услуги имаа позитивен ефект во текот на изминатите години. Во оваа област, респонзивноста е нашиот клучот кон успехот. Нашата инфраструктура е поставена на начин што ни овозможува побрзо да одговориме на барањата на клиентите. За брз контакт, може да не контактирате преку телефон или е-пошта. Формуларот за контакт на десната страна од оваа страница исто така може да го користите, особено за испраќање документи. Обично ја испраќаме понудата во рок од 10 до 20 минути по добивањето на датотеките. Таа ја содржи целокупната цена и рокот за изработка на проектот.
Целиот тим ви стои на располагање и со нетрпение ја очекува соработката со вас.





























